Струмичкиот карневал и годинава блесна. Со своите маски покажа дека е еден од најдобрите карневали во светот. Околу 3000 маски продефилираа низ струмичките улици, секоја со своја порака. Повеќе од четири часа траеше дефилето кое го следеа десетици илјади посетители. Освен од земјава на годинашново издание на струмичкиот карневал учествуваа и маски од Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Турција...