AMD Strela

 

Маџиров на шведскиот фестивал Литфест

Маџиров на шведскиот фестивал Литфест
Објавено на: 17 Mar 2014

Никола Маџиров имаше неколку читања на книжевниот фестивал „Литфест“ во шведскиот град Умеа кој заедно со латвискиот град Рига се Европски градови на културата за 2014 година. Во саботата тој настапи со исландскиот поет Сјон, познат и како текстописец на Бјорк, на трибината посветена на современата европска поезија. Истата вечер Маџиров читаше од неговата книга „Остаток од друг свет“ неодамна објавена на шведски јазик која беше позитивно оценета од шведската критика, а имаше излагање и на отворањето на изложбата на фотографии „Која е целта на поезијата?“ на која учествуваа поети од сите европски земји. Во вторник, 18 март, Никола Маџиров продолжува со читањата во Стокхолм, каде ќе настапи заедно со неколку водечки поети на скандинавската книжевна сцена од Норвешка, Данска и Шведска, меѓу кои и членката на Шведската академија, Катарина Фростренсен. 

madizrov

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK