Театарската група „Јованка Орлеанка“ под менторство на Весна Аризанова и Даниела Џишева, ја претстави гевгелиската гимназија на натпреварот на франкофонски театар со пародија на претставата „Средба“ од Војдан Чернодрински. Натпреварот беше организиран од Францускиот институт, се одржа во саботата, во Младинскиот културен центар во Скопје.
Професионалната игра како и убавиот изговор на францускиот јазик на Катерина Петковска, Петар Стојанов, Сања Опрова, Кристијан Каранфиловски, Стефанија Каркалашева, Ивана Бајрактарова и Лилјана Матх предизвикаа аплаузи, успеаја да ја насмеат публиката а добија пофалби и честитки од самите учесници на фестивалот
На крајот, жирито, меѓу кои и актерот Ѓорги Јолевски ја доделија Наградата за најдобар актер на Петар Стојанов, кој како што кажа Јолевски, на сцена се однесуваше толку природно, едноставно зрачеше со енергија.
Членовите на групата воодушевија со својот професионализам а за техничката поддршка се погрижија учениците Симеон Франгов и Виолета Куцирова.