Фолк пејачот Јордан Митев идниот месец заминува во концертна турнеја во Канада. Според договореното треба да одржи минимум 5 концерти во местата каде што живеат македонци. Ова ке биде негова втора турнеја во Канада откако пред повеке од една година усепа да ги развесели иселениците со неговиот репертоар и традиционалните изворни македонски песни
,, Во Канада заминувам првата недела од месец април и ќе останам таму се до првата недела од месец мај.Значи точно еден месец.Оваа е мое второ гостување во Канада и ќе настапам на неколку места во Торонто и околината.Во тој дел всушност и најмногу населени македонците.Еден концерт ќе имам и во јужнот дел од Канада кој е на границата со САД или поточно во градот Виндзор,, истакна Митев .
Во Канада, Митев планира да го промовира и својот последен сингл ,, Дајте да се пие,, која ја сними неодамна. Според него станува збор за динамична песна која за некој месец ке треба да добие и свој видео запис
,,Па кај мене нон стоп се работи !Секогаш после една завршена работа веднаш се мисли и се подговтува наредната!Пред некој ден излезе мојата најнова песна која ја насловив "Дајте да се пие".Една динамична песна која допрва ќе добие еден високо квалитетен спот. Со оваа песна и со дуетот кој што го подговтвувам но сеуште не би сакал да откривам со кој пејачка овој пат ќе го отпеам,ќе го најавам и излегувањето на моето шесто музичко издание. За деталите околу албумот би можел да кажам после мојата турнеа во Канада.Таму ќе имам време да размислам за повеќе детали и следни чекори за мојата кариера,, рече Јордан Митев