Татјана Лазаревска ќе го освојува и балканскиот пазар. Едно од најпопуларните и најангажирани имиња на македонската фолк естрада своите хитови ќе ги претстави пред публиката во бившите југословенски простори, но и поширокиот регион. За тоа ќе биде задолжена српската ,, Сезам продукција,, со која Тања неодамна потпиша договор.
Првото цд веќе е подготвено и го носи насловот ,, Најдоброто од Татјана,,. Официјалната промоција на материјалот е планирано да се случи кон крајот на месецот во Белград, а потоа истиот ќе биде промовиран и во целиот регион. За потребите на новиот материјал Татјана го смени и имиџот.
После извесен период во кој покрај големите хитови нејзин заштитен знак беше црвената коса таа повторно стана русокоса. Новиот имиџ го претстави во новата фотосесија која ја работеше со Дарио Јанковиќ и која ќе биде дел од новиот промотивен материјал.
Во меѓувреме го подготвува и настапот за претстојниот фестивал Цветници, а како што најави не е исклучена можноста годинава да се појави и на Валандово.