Фолк пејачот Денис Богојовски кој живее во Шведска неодамна го промовираше новиот свој сингл насловен како ,,Само песната нас не радува,, а наскоро ќе го промовира и своето прво ЦД со новокомпнирани македонски песни. Богојовски ја негува изворната македонска музика за што постојано е со настапи мегу македонците во скандинавските земји . За него Фолк фест Валандово преставува фестивал кој ја негува македонската народна песна и има желба да биде дел од сцената во Валандово
,,Со Фолк фест Валандово, еден фолк пеајач може да постигние доста многу во својата музичка кариера. Фестивалот представува многу а не само за секој пејач туку и за се што значи македонска песна,, кусо ни одговори Богојовски
Тој информираше дека има огромна желба да има свои настапи во Македонија, посебно во југоистокот каде девојките според него биле познати по убавината и не ја исклучува можноста да се заљуби во струмичанка
,,Мислам дека секоја земја си има и позитивни и негативни страни, а кога сме кај струмичките девојки знаеме сите дека се познати по убавината и тоа е така. Љубовта е најголема сила и енергија! Доколку таа вистински постои, се е возможно!,, ни одговори младиот пејач Денис Богојовски