Струмица годинава е домаќин на 43 државен фестивал на непрофесионален филм. На 43 то издание на фестивалот посветен на аворите аматери во официјалната конкуренција се примени 17 филмови, додека на конкурсот биле пристигнати вкупно 35 филмови од 39 автори од кои девет доаѓаат од продукцијата на 9 кино клубови од државата, а 4 се од самостојни автори. Годинава за најдобрите автори на непрофесионалниот филм во Македонија одлучуваше тричлено жири во состав Миле Петковски, претседател и Илинденка Петрушева и Виктор Иванов како членови.
Според одлуката на жири комисијата носител на годинашното Гранд-при на Државниот фестивал на непрофесионален филм „Струмица 2014“ е Светислав Подлешанов автор на филмот “Essence Voayage”. Стручното жири на фестивалот додели и пет Златни плакети и тоа: во категоријата документарен филм на Бојан Мирчески за филмот „Театарот“, во категоријата игран филм на филмот „Во темнината“ на Кирил Каракаш, во категоријата едноминутен филм на филмот „Бугарија“ на Анастасија Бошковска, во категоријата експеримен-тален на филмот “ASCEND” на Светислав Подлешанов и во категоријата цртани филмови на „Тажната приказна на младата девојка“ од група автори. Претседателот на Кино сојузот на Македонија Сашо Дукоски задоволен и од интересот на авторите аматери, но и од понудениот квалитет. Според него овој фестивал кој опстојува повеќе од четири децении е место каде младите автори на непрофесионалниот филм ќе ги прикажат своите дела.
,,Вака големиот број филмови покажува дека филмската уметност предизвикува интерес кај аматерите од кои во иднина ќе се родат новите професионални синеасти,,.рече Дуковски.
43 то издание на државниот фестивал на непрофесионален филм годинава се одржа во организација на Кино Сојуз на Македонија, ФКВК „Струмица” , Народна Техника на Македонија, Народна Техника Струмица и општина Струмица. Фестивалот е реализиран со средства од Министерството за култура на Република Македонија.