Сојузот на здруженија за техничка култура Народна Техника Струмица заедно со Здружението „Без Граници 21“ од Ќустендил кој започна со имплементација на проектот „Дигитална Култура за Регионална Кохезија“ во Април 2013 година во својата последна фаза успеа комплетно за ги заврши сите планирани активности.
Имено во периодот од 28-30 Март 2014 година, градот Струмица е домаќин на 50-тина гости и млади луѓе од Бугарија кои учествуваат на Фестивалот за аматерски филм, на кој се презентираат дваесет кратки филмови/видеа. Овие филмови се изработени во рамките на проектот каде по 10 млади луѓе добија дводневна обука за изработка на ваков тип документарни филмови. Темата на филмовите е културно историското наследство во пограничниот регион меѓу двете земји.
Фестивалот сам по себе претставува една платформа на која младите од двете земји ќе си разменат искуствата, ќе креираат нови идеа и заеднички ќе соработуваат во иднина на исти или слични манифестации.
Проектот дополнително го промовираше регионот преку:
Креирање на 400 мини картички на кои се наоѓаат културно историски знаменитости од двете земји, а истите ќе бидат распоредени на јавни места и бесплатно достапни за сите оние кои ќе бидат заинтересирани
Виртуелни панорами од 360 степени за 20 локации во Македонија и 20 локации во Бугарија. Овие виртуелни панорами се веќе достапни на порталот на проекот
Електронска алатка за учење од далечина, која ќе им овозможи на ентузијасти, туристи и сите заинтересирани .
Целите на проектот се:
Да се зголеми социјалното зближување и атрактивноста на пограничниот регион преку културна размена и дигитална промоција на неговите културни добра, како и креирање на модел за дигитализација на културните содржини кој ќе се употребува во промоција на културните добра на пограничниот регион помеѓу Бугарија и Македонија.
Активности кои беа вклучени во проектот:
Собирање на информации за културните добра за нивно дигитализирање, како што се: археолошки места, споменици, музеи, глаерии, цркви, театри, опери, традиционални носии и маски, танцови ансабли, оркестри, бендови, обичаи, занаети, саеми, фестивали и други настани.
Развој и поставување на веб-базирана електронска алатка за учење која содржи лесен притап према електронските материјали за тренинг и учење за три главни теми: Дигитална култура, Европска димензија на Културата и Регионална димензија на Културата. Содржината ќе биде организирана во курсеви и ќе служи како извор на информации за горенаведените теми дадени како фото галерии, виртуелни проштеки, 3Д слики, ГПС координати на културните објекти итн. Порталот ќе биде на 3 јазика и тоа: Македонски, Бугарски и Англиски;
Обука на 20 млади луѓе кои изработија краткометражни филмови претставени за време на Филм Фест фестивалот во Струмица на 29 Март 2014;
Издадвање на промотивен каталог “Дигитализирана убавина“ на дигитализирани културни наследства. Каталогот е на 3 јазика: Бугарски, Македонски и Англиски. Содржи 400 знаменитости со информации за нив кои ќе бидат обезбедени од двата партнери;
Промоции и инфо настани со практична обука за користење на електронската алатка во која ќе биде дигитализирано дел од културното наследство;
Работилница за анимација и креирање на кратки филмови одржана од страна нашата позната компанија FX3X.
Балкански фестивал за Дигитална култура и репродуктивна уметност ќе биде организиран во Ќустендил. Ова ќе биде настанот со кој ќе се затвори културната размена од проектните активности, каде ќе бидат објавени резултатите.