Учениците од ООУ„Гоце Делчев“ Василево, маскирани го одбележаа денешниот ден на шегата, 1-ви Април, „Априлили“.
Со сопствени креации и без одредена тема со маски кои се плод на детската фантазија, весели, насмеани и возбудени, пред родителите, наставници, роднини, пријателите продефилираа манекенки, фудбалери, мајстори, нинџи, мажоретки, принцези, индијанки, докторки.....
Нивното првоаприлско дефиле го проследија и првите луѓе на општината, градоначалникот Ванчо Стојанов и претседателот на општинскиот совет, Илчо Колев. Директорката на училиштето Емилија Котева во изјавата за локалните медиуми меѓу другото рече дека денешниот ден и овој настан децата возбудено го чекаат и за него се подгутвиваат речиси цел месец.
И токму затоа почитувајќи го нивниот труд и креативност одлучиле оваа година, за разлика од претходните да не се доделуваат награди туку сите да бидат победници.
Во ООУ„Гоце Делчев“, Василево ваквото одбележување на денот на шегата, 1-ви Април а традиционален и поради единственоста на начинот на кој учесниците го доживууваат, апелираат и другите училишта да го следат нивниот пример.