AMD Strela

 

Стојан Динев - Градежна офанзива во Струмица !

Стојан Динев - Градежна офанзива во Струмица !

Со намалувањето на високите температури се интензивираат градежните активности во Струмица. На неколку локации во град се реконструираат тротари и се асфалтираат улици. Целосно со нов слој асфалт се покриени улиците ,,Мито Хаџивасилев Јасмин“, ,,Дрварска“, ,,Неретва“, и дел од ,,Крушевска Република“. На овие улици вкупната површина под втор слој на асфалт изнесува 3.800 метри квадратни. Од секторот за урбанизам и комунални работи при општина Струмица, информираа дека во подготовки за поставување на втор слој асфалт меѓу планираните активности се и булеварите ,,Ленинова“ и ,,Гоце Делчев“ како и четирите мостови на улицата ,,Крушевска Република“ или вкупно под нов асфалт ќе бидат 14 илјади метри квадратни. За тековните и наредните активности, повеќе можете да слушнете од изјавата на Стојан Динев, раководител на секторот за урбанизам и комунални работи во општина Струмица.


Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK