AMD Strela

 

Гледаме и коментираме претседателска дебата

Гледаме и коментираме претседателска дебата
Објавено на: 08 Apr 2014

Младински образовен форум (МОФ) во сорабока со НДИ (Нaционален демократски институт) и Фондација Метаморфозис организира друштвено гледање и коментирање на дебатата помеѓу кандидатите за Претседател на Република Македонија, во 7 градови во државата.

ТВ дебатата е во организација на НДИ, а премиерно ќе се емитува на 10 април (четврток) со почеток од 20:20 часот на ТВ 24 Вести, ТВ Стар – Штип, ТВ ЕРА – Скопје, ТВ БТР – Скопје, ТВ Ирис – Штип, ТВ ВИС – Струмица, ТВ Ускана – Кичево, ТВ КИСС – Тетово, ТВ Тера Битола, како и преку видео стрим на www.ferizbori.mk и www.24vesti.mk.

Посетете ги друштвените гледања и коментирања на претседателската дебата, на некоја од следните локации:
- Скопје: ГЕМ Клуб
- Тетово: Скај бар Илирија 
- Куманово: Spirit Lounge Bar
- Велес: Чао кафе (спроти гимназијата Кочо Рацин)
- Неготино: Кафе бар Стефани (Стара Чаршија)
- Струмица: Кафетерија Que Pasa
- Дебар: Центар за одржлив развој на заедницата

Агенда на настанот:
20:20 - 21:00 – Следење на претседателска дебата за надворешна политика
21:15 - 22:00 – Следење на претседателска дебата за внатрешна политика
22:00 - 23:00 – Дискусија за аргументациите, пораките, побивањата и презентациските вештини на кандидатите.

На поканата за учество на оваа дебата позитивно се одзваа кандидатите: Зоран Поповски, Стево Пендаровски и Илјаз Халими, а во улога на модератори ќе се појават новинарките Снежана Лупевска-Созен и Лидија Јанчовска – Христова.
Jавните следења и дискуии се отворени за сите заинтересирани кои сакаат во друштво да ја проследат и коментираат оваа дебата. Дискусијата ќе се случува и на Твитер и Фејсбук со хаштагот #дебатамк

Друштвените гледања се поддржани од УСАИД, НЕД и Британската амбасада.

1

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK