Завршија 36-те Дојрански ракувања , манифестација која со своите содржини, понуди подобра културна забава за гостите за ова летна сезона во Дојран. Културни уметнички друштва, ансамбли на староградска музика, музичари на класична музика, театарски престави , карневал, беа само дел од содржините кои беа понудени во рамките на ова манифестација која ја организира општина Дојран. Голем број на посетители уживаа во настаните кои беа предвидени во рамките на ова манифестација за што придонесе и отварањето на летната сцена. Со овие културни музички настани општина Дојран се обидува да придонесе во збогатувањето на понудата од забава и култура за посетителтие и туристите кои одмараа на брегот на дојранското езеро...Низ фотографии, како беа 36 тите по ред Дојрански ракувања.......
( Од отварањето на летнта сцена и 36 те Дојрански ракувања )
( Од преставата ,, Умри машки,, Млад театар Струмица )
( Од настапот на скопски дувачки квартет )
( Од настапот на младите играорци )
( Туристите уживаа во староградските песни )
( Од преставата,, Партале - завеса )
( Од Дојранскиот карневал одржан на 27.08)