Сојузот на здруженија за техничка култура Народна Техника Струмица заедно со Здружението „Без Граници 21“ од Ќустендил кој започна со имплементација на проектот „Дигитална Култура за Регионална Кохезија“ во Април 2013 година во својата последна фаза успеа комплетно за ги заврши сите планирани активности. Имено во периодот од 28-30 Март 2014 година, градот Струмица беше домаќин на 50 гости и млади луѓе од Бугарија кои учествуваат на Фестивалот за аматерски филм, на кој се презентираа дваесет кратки филмови/видеа.
Овие филмови се изработени во рамките на проектот во кој учество земаа по 10 млади луѓе од Македонија и Бугарија и добија дводневна обука за изработка на ваков тип документарни филмови. Темата на филмовите е културно историското наследство во пограничниот регион меѓу двете земји. Фестивалот сам по себе претставува една платформа на која младите од двете земји ќе си разменат искуствата, ќе креираат нови идеи и заеднички ќе соработуваат во иднина на исти или слични манифестации.
Проектот дополнително изработи огромен дигитализиран промотивен материјал за пограничниот регионот преку: Креирање на 400 мини картички на кои се наоѓаат културно историски знаменитости од двете земји,, а истите ќе бидат распоредени на јавни места и бесплатно достапни за сите оние кои ќе бидат заинтересирани. Мини картичките содржат информации како: музеи, театри, локалитети, легенди, маски, обичаи, занаети, традиција, ансамбли, фестивали, песни и др. со нивен краток опис и ГПС координати за нивната локација; Промотивен каталог “Дигитализирана убавина“ на сите претходно дигитализирани културни знаменитости опфатени на едно единствено место.
Каталогот е на 3 јазика: Македонски, Бугарски и Англиски; Виртуелни панорами од 360 степени за 20 локации во Македонија и 20 локации во Бугарија кои ја доловуваат атмосферата на локациите на највисоко ниво на реалност. Овие виртуелни панорами се веќе достапни на порталот на проекот; Електронска алатка за учење на културата и убавините од регионот од далечина, која ќе им овозможи на ентузијасти, туристи и сите заинтересирани да си го зголемат и проверат своето знаење.