AMD Strela

 

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА КОМПОЗИЦИИ НА ФЕСТИВАЛОТ “ФОЛК-ФЕСТ“ ВАЛАНДОВО 2014

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА КОМПОЗИЦИИ НА ФЕСТИВАЛОТ  “ФОЛК-ФЕСТ“ ВАЛАНДОВО 2014
Објавено на: 05 May 2014

Општина Валандово како организатор го продолжува конкурсот за избор на композиции  за јубилејното 30-то издание на “ФОЛК-ФЕСТ“ ВАЛАНДОВО, кој ќе се одржи во месец  Септември 2014 година во Валандово.

 1. РОК И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

 Конкурсниот рок за поднесување на композициите е 45 дена од денот на објавување на конкурсот. Апликациите се поднесуваат најкасно до 11.06.2014 година до 14,00 часот во архивата на  Општината Валандово.  На конкурсот може да учествуваат домашни и странски физички и правни лица. Сите заинтересирани учесници кои ги поседуваат потребните квалификации и кои сакаат да се изразат со својот квалитет, способност и креативна идеја, имаат право да учествуваат на конкурсот.

 Учесниците треба да ги приложат следните докази:

• Подносителот на композицијата задолжително треба да достави склучен договор со авторот на музиката, авторот на текстот, авторот на аранжманот.

• Во прилог на пријавата, задолжително да се достави изјава од подносителот на песната на Конкурсот за точна распределба на наградата по проценти наменета за: изведувачот, авторот  на музика, изведувачот, авторот на текстот и авторот на аранжманот

• Доколку изведувачот е автор на музиката, односно текстот, односно аранжманот, треба да  достави изјава дека тој е автор на музиката односно текстот односно аранжманот.

• Авторскиот тим задолжително поднесува изјава од авторот на музиката, авторот на текстот и авторот на аранжманот дека доставената композиција не била претходно изведена.

 Адреса за доставување: ОПШТИНА ВАЛАНДОВО ул.Иво Лола Рибар бр.3, Валандово .

valandovo

Конкурсниот труд да биде доставен во затворен плик со назнака: За Конкурс за композиција на  фестивалот “ФОЛК-ФЕСТ“ ВАЛАНДОВО 2014 година со шифра (најмногу 5 знака од букви или броеви)  и текстот „НЕ ОТВАРАЈ“. Податоците за авторскиот и зведувачкиот тим треба посебно да се наведат  во посебен затворен плик приложен со документацијата со назнака „АВТОР“ и „ИЗВЕДУВАЧКИ ТИМ“ –  поединец или група и назначен со истата шифра.

 За избор на композициите кои ќе учествуваат на фестивалот “ФОЛК-ФЕСТ“ ВАЛАНДОВО 2014 година, ќе се формира стручен тим кој ќе ги избере композициите кои ќе се изведуваат на фестивалот  “ФОЛК-ФЕСТ“ ВАЛАНДОВО 2014 година.  Општината Валандово со избраните автори и изведувачи на Конкурсот за избор на композиција  на фестивалот “ФОЛК-ФЕСТ“ ВАЛАНДОВО 2014 година ќе склучи договор и на истите ќе им биде  исплатено по 30.000 денари, надомест.   Со предавањето на композицијата, авторот ќе го пренесе правото на Организаторот за нејзино графичко печатење, за прва јавна изведба, за пренос преку радио-телевизиски станици, за снимање на  носачи на звук и слика или сиве овие права, односно некои од овие права ќе ги пренесе на трети лица.  Организаторот ќе стане сопственик на фонограмот што ќе биде снимен.  Пост продукцијата на сите примени композиции ја реализира организаторот.

valandovo

По завршувањето на фестивалот ќе се доделат пет награди и тоа:

• 1 награда 20.000 евра (распределени согласно претходно доставена изјава за распределба)

• 2 награда 15.000 евра (распределени согласно претходно доставена изјава за распределба)

• 3 награда 10.000 евра. (распределени согласно претходно доставена изјава за распределба) 

 • Нарада за најдобар дебтант 3000 евра (распределени согласно претходно доставена изјава за распределба)

• Награда за најдобар сценски настап 3000 евра

 Организаторот нема обврска да им ги врати на авторите композициите што нема да бидат прифатени

2. УСЛОВИ ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА КОМПОЗИЦИЈА

Авторите се должни да достават оригинална композиција напишана за глас и оркестар во духот  на македонската народна песна, во македоската музичка традиција и мелоритмика со распеан  мелодиски рефрен и карактеристична мелоритмика во духот на новосоздадената народна македонска  песна. Композицијата треба да биде оригинална и досега неизведена. Изведбата на избраните  композиции на фестивалот ќе биде во живо со придужба на ревискиот оркестар на МРТВ.

Избраните песни ќе бидат снимени во студиото на МРТВ.  Еден изведувач може да конкурира најмногу со една композиција.  Со предавањето на композицијата, авторот ќе го пренесе правото на организаторот на фестивалот  за нејзино графичко печатење, за прва јавна изведба, за пренос преку радио-телевизиски станици, за  снимање на носачи на звук и слика или сиве овие права, односно некои од овие права ќе ги пренесе на  трети лица. Организаторот ќе стане сопственик на фонограмот.

valandovo

3. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

3.1 Општи критериуми за избор

1. На конкурсот нема да бидат поддржани композиции со текстови со кои се промовира говор на  омраза, кршење на човековите права или се заговара употреба на дрога, алкохол и коцка;

2. Оригиналност и иновативност на авторот на композицијата;

3. Квалитетот на песните да биде во сооднос со реномето и квалитетот на Фестивалот “ФОЛК-ФЕСТ“  ВАЛАНДОВО 2014;

4. Композициите треба да се за глас и оркестар во духот на македонската народна песна, во

македоската музичка традиција и мелоритмика со распеан мелодиски рефрен и карактеристична  мелоритмика во духот на новосоздадената народна македонска песна;

5. Композицијата треба да биде оригинална и досега неизведена;

6. Композициите доставени на Конкурсот не треба да се подолги од 4’.

3.2 Посебни технички критериуми

1. Композицијата се доставува во три идентични клавирски изводи со испишан хармонски текст;

2. Целосен аранжман на композицијата за солист и ревиски оркестар;

3. Три идентични примероци на текст напишан на македонски јазик, со кирилско писмо

4. Финалната снимка се доставува на ЦД.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK