Наместо да одмори по неколкумесечната турнеа низ Европа и Австралија Елена Велевска влезе во студио да сними нова песна. Песната има печалбарска тема за која фолкерката инспирацијата ја добила за време на настапите низ дијаспората и средбите со нашинците таму.
,, Песната е полн погодок. Верувам дека ќе допре до секој македонец каде и да се наоѓа. Јас сум презадоволна. Оддамна не сум се израдувала вака за нова песна, мислам дека имаме хит.,, вели Елена
Новата песна која Елена ја снимаше со Гоце Пејак и Гоце од групата Синтезис ќе биде промовирана на фолк фест ,,Спасовден,, кој ќе се одржи на 29 мај во Лескоец, Охрид по четврти пат .