Песните посветени на вечниот копнеж повторно ги разиграа срцата и разбрануваа емоциите на струмичани. Во организација на центарот за култура Антон Панов од Струмица по шести пат градот под царевите кули ја славеше серенадата, преку фестивал кој симболично е насловен по неофицијалната химна на градот ,,Под кулите на Струмица,,.
И годинава Струмица повторно ширум ги отвори своите порти и им кажа добредојде на повеќе ансамбли на староградски песни од целата држава. Покрај домакините ансамблот ,, Распеани струмичани,, годинава на фестивалот посветен на староградската песна и серенада настапија и пејачката група ,, Мирка Гинова,, од Демир Капија, ,,Распеани гевгеличани,, ,,Распеани Радовишани,,, октетот ,,Свети Ѓорги,, од Ново Село, ,,Распеани валандовчани,, и староградскиот тамбурашки оркестар при домот на културата од Кратово . И оваа година беше реализиран со поддршка на министерството за култура и локалната самоуправа.