AMD Strela

 

Јордан повторно во Австралија со концерти и настапи на приватни забави

Јордан повторно во Австралија со концерти и настапи на приватни забави
Објавено на: 18 May 2014

Само што се врати од турнеја од Канада, Јордан Митев тргнува за Австралија. Последната недела од месец мај и првата половина од јуни, Митев ке одржи неколку концерти во Австралија за кои организатори се ММД ,, Никола Карев,, од Мелбурн со кого пејачот и автор од Радовиш има одлична соработка. Како што не информираше Јордан во Австралија на сите негови концерти ке биде придржуван од најдобриот оркестар во Австралија ,, Амадеус бенд,,

јордан митев

,,Во Австралија овој пат ќе одржам четри концерта и ќе настапам на една приватна прослава кај една позната фамилија од бизнис кругот во Австралија.Впрочем приватниот настап е главната причина за оваа мое кратко гостување а концертите во помалите градови само се надополнија во распоредот.Ова е мое второ гостување во Австралија на приватна прослава и не би сакал да откирам детали каде и за колку,од едноставна причина бидејќи не сакам да се фалам. За прв пат ќе настапам во Queanbeyen и Brisbane а во Geelong и Newcastle ќе ми биде втор пат од досегашните пет мои гостувања во Австралија,, ни кажа Митев кој речиси секоја година настапува  во Австралија кој е доста популарен меѓу македонците во овој континент.

jordan mitev

,,Можеби е често но можеби и не, во годината имаме 12 месеца по 365 дена, доколку имате музички потенцијал и енергија не ви требаат пет години за да повторно се вратите на едно место каде што сте биле. Па и животот не е илјада години за да нештата бидат чести. Често е ако сте на три месеци таму, но штом завртила годината еден круг, тоа значи дека треба и вие да направите еден круг,, вели Митев кој во Австралија ужива во храната,гостопримството, другарувањето, новите пријатели а секако и девојките. Тој таму ќе ги промовира и своите нови синглови кои ги сработи изминатиов период .

јордан митев

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK