AMD Strela

 

Фото - Матурантите од Струмица танцуваа квадрил на градскиот плоштад

Фото - Матурантите од Струмица танцуваа квадрил на градскиот плоштад
Објавено на: 23 May 2014

По шестти пат матурантите од трите средни општински училишта во Струмица, приредија прекрасна глетка на градскиот плоштад, учествувајќи во најголемата матурска парада во светот. Точно напладне, 308 матуранти танцуваа квадрил и играа салса истовремено со своите врсници од четири градови во Македонија и од неколку европски држави, обидувајќи се повторно да го срушат гинисовиот рекорд. Матурантите ги поздрави, градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.

strumica

-Струмица е повторно дел од Европа. Струмица повторно го покажува својот раскош и убавина. Колку и да е убав овој град, уште поубав го прават луѓето, особено младите. Овој денешен собир на матурантите го потврдува токму тоа. Овој мај во првата половина можеби сакаше самиот да се демантира дека е најубавиот месец во годината, но младите се тука да му го вратат сјајот. Оваа прекрасна глетка што денес на овој плоштад ни ја приредуваат струмичките матуранти е вистински празник и за очите и за душата. Па сепак, ова најповеќе е празник за самите матуранти. Испитот на зрелоста како што популарно се нарекува полнолетсвото и матурирањето, сам по себе претставува значаен настан во животот на секој човек, но кога тој настан е збогатен со учество на Матурската парада, тогаш тоа се памети цел живот како најубав спомен од убавите младешки времиња. Јас се надевам дека предизвикот да се биде дел од оваа манифестација од меѓународно значење е доволно голем за да се ужива во неа, рече во својот поздравен говор градоначалникот Зоран Заев.

kvadril

Струмица е меѓу првите градови во Македонија која се вклучи во најголемата матурска забава во светот.

kvadril

-Матурската парада за општина Струмица е веќе препознатлив бренд, затоа што ние сме меѓу првите градови кои се вклучивме во оваа меѓународна манифестација уште од 2008 година кога беше соборен гинисовиот рекорд. Од нашата општина, годинава, учествуваа 308 матуранти од трите средни општински училишта, минатата година имавме малку поголема бројка, а причина за тоа е што матурските вечери веќе завршија, но се надевам дека и оваа бројка беше задоволителна за нашата општина, рече Петар Киров, советник за образование при општина Струмица.

strumica

kvadril

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK