AMD Strela

 

Геретс - Наградата ја посветувам на сопругата и фестивалот Астер фест

Геретс - Наградата ја посветувам на сопругата и фестивалот Астер фест
Објавено на: 27 May 2014

Вечерва стартуваше јубилејното 10 издание на филмскиот фестивал Астер фест на кој премиерно беше прикажан краткиот игран филм „Хелиум“ на Андерс Валтер, кој го доби Оскарот за оваа година. Наградата ,,Астер,, за високи достигнувања во европскиот и светскиот филм  вечерва му беше доделена на  режисерот Борис Геретс

геретс

,,Пристигнав овде само пред неколку часа и веќе многу ми се допаѓа. Двете нешта кои се спомнати во наградата се едно признание за европски филм, а другото за светски филм. Неверојатно сум среќен и горд што ја добивам оваа награда бидејќи сметам дека е неопходно секогаш да наоѓаме нови начини за изработка на филмови. Исто така сакам да му честитам на фестивалот Астерфест за десетгодишнината и верувам дека ваквите фестивали се многу важни за нас и за луѓето кои веруваат во филмот,, рече Геретс

геретс

Специјалното признание за високи достигнувања во филмската и драмската уметност на актерката Љупка Џундева.

,, Возбудена сум бидејќи не се надевав да ја добија оваа награда и благодарам на советот на Астерфест, на кинотеката на Македонија, на Струмица бидејќи тоа е многу важно за мене затоа што имам многу пријатели, актери со кои сум настапувала на сцените на македонскиот народен театар, во филмот и во телевизијата. Се чувствувам многу пријатно како да сум во своја куќа бидејќи и овде имам играно пред некоја година на оваа сцена во Струмица во театарот, претстава Магла од Чаповски во режија на Ацо Алексов.,, рече Џундева

астер

Жирито е составено од Биргит Стаубер, Желимир Гвардиола и Стефан Шашков кој треба да одлучи кому ке биат доделени наградите од 10 тото јубилејно издание на Астер фест.

астер

астер

астер

астер

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK