AMD Strela

 

Актери од 15 претстави на ФКТ ,,Ристо Шишков,, Струмица

Актери од 15 претстави на ФКТ ,,Ристо Шишков,, Струмица
Објавено на: 05 Sep 2012

Се е подготвено за јубилејното 20-то издание на фестивалот на камерен тeaтар,, Ристо Шишков,,. Традиционално и оваа година фестивалот започнува на 8 ми септември, Денот на независноста на Република Македонија и ќе трае до 13 септември. За време на шесте фестивалски денови ќе бидат одиграни вкупно 15 претстави во продукција на македонските, но и театри од Бугарија, Србија, Словенија, Грција и Косово со околу седумдесетина актерски остварувања. За единствената награда на фестивалот за високо актерско достигнување која го носи името на патронот,, Ристо Шишков,, и оваа година ќе одлучува петчлено меѓународно жири предводено од минатогодишниот лауреат Борис Чоревски. Наградата за најдобриот актер традиционално се состои во златен медаљон со ликот на Ристо Шишков и паричен износ од 1500 евра.

fkt risto siskov

Во рамките на фестивалската програма покрај претставите кои влегуваат во официјална конкуренција планирани се и повеќе други активности и неколку изложби кои како тема го имаат театарот. За време на свеченото отварање на фестивалот , а во чест на јубилејот од 20 години пред центарот за култура ,,Антон Панов,, во Струмица, местото каде цели две децении се одржува фестивалот ќе биде откриена и биста со ликот на Ристо Шишков.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK