Со проекција на наградените филмови вечерва во Струмица заврши десеттото јубилејно издание на интернациналниот филмски фестивал „Астер Фест“.Филмот „Хелиум“ на Андерс Волтер, кој е добитник на Оскар, е прогласен за најдобар игран филм на фестивалот што се одржа во Струмица од 27 до 31 мај. Фестивалското жири одлучи на филмот „Измет врз бедата„ од Вијај Јода во индиско-јужноафриканско-данска копродукција да му ја додели наградата Златна потковица. Сребрената потковица ја освои филмот „Калуш што мислев дека го познавам“ од Бернард Дичек, а бронзената му припадна на краткиот филм од Босна и Херцеговина „Небо“ од Дино Касало.
Наградата за најдобар автор „Ацо Алексов“ ја доби филмот на Сенад Абдули-„Добро време да се умре“. Специјална диплома од жирито за документарен филм ја доби „Звуци за Мазин“ од Ингрид Камерлинг, а наградата „Старозлатен проектор“ ја доби полскиот краток филм „Бирди“ од Ева Коханска.
Наградата „Ѓорѓи Абаџиев“ за најдобро сценарио ја дбои филмот „Амел“ од Море Раца од Косово. Специјална диплома доби и играниот филм „Жар“ на Полјакот Бартош Круклих. Најдобар анимиран филм е француско-луксембуршката копродукција „Г-Н Хублот“ од Лоренс Витз.
Во програмата Мувиленд-кратки филмови од Австрија, жирито наградата им ја додели на филмовите „Нечуен“ на режисерот Зигмунд Скалар и на „Втор поглед“ на режисерката Јулија Нојхубер.