Утрово во својата 79 година почина Зора Георгиева, доајенот на струмичкиот театар. Актерскиот живот го започнува во 1953 година, во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица, па се до пензионирањето во 1996 година со одиграни над 150 улоги.Добитник е на лауреатите на Театарските игри „Војдан Чернодински“ во Прилеп за улогите: Тања (1967), Бланш Дибоа (1970), Баба ни Ева (1974), Јацинта (1975), Андромаха (1987). Во 1988 година од ревијата „Екран“ е прогласена за актер на годината. Во последната година од актерскиот професионален живот, во 1996 година ја добива наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков“ за улогата на Аманда во „Стаклена менажерија“. Трикратна добитничка е на годишната награда на Општина Струмица и награда за животно дело на 36-те МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 2001 година. НТ „Антон Панов“ Струмица, во недела 1.06.2014 во 11 часот, во фоајето, ќе одржи комеморација за актерката Зора Георгиева, Погребот ќе биде извршен утре, недела во 14 часот на Градските гробишта во Струмица.