AMD Strela

 

Баскерфест 2014 два дена во Гевгелија

Баскерфест 2014 два дена во Гевгелија
Објавено на: 02 Jun 2014

Поради лошото време, меѓународниот фестивал „Баскерфест“, наместо во четвртокот и петокот, на 29 и 30 мај, се одложи за 1 и 2 јуни, недела и понеделник. Така, синоќа, градскиот плоштад беше исполнет со голем број граѓани кои дојдоа да ги видат акробатите и музичарите од повеќе земји во светот. Тоа што организаторите на фестивалот го ветија, тоа и се случи. Ветија дека годинава на граѓаните ќе им се понудат релаксирачки одмор и забава со квалитетна и разновидна музика и интересни акробатски точки. И навистина така беше. На неколку локации на шеталиштето во Гевгелија се слушаше музика, се изведуваа акробации, се танцуваше, се црташе до 23 часот.На македонската промоција на овој познат меѓународен фестивал во Гевгелија настапија Барбаросса Самба гроуп, Алдроуби-Статуес, Алдроуби-Бубле Данце, Царолина Рамирез, УСА Браке Данцерс, Цирко Солито, Катаѕ, Голден бранцх, Театро Имагинарео, Сара Тњистер, Лас Варгарс Торрес, Сардниа Клан и Еугенио Мартинез. Денеска, на втората вечер од Баскер фестивалот на градскиот плоштад во Гевгелија ќе настапат Аделина, Антонио Лабелла, Цирцо А ла Малетта, Дарњин Пиментел, Папито, Еисуке Саито, Триппле Данце Херитаге, Цомпаниа Гирамундо, Луцие Станинова, Дева, Цирцо Солито и Омрѕ Хветтер.Од 22 часот забавата продолжува со поп концерт на кој настапуваат Иван и Кико Раденови и Теодора и Глигор 

festival


 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK