Струмичките карневалски групи од СОУ „Димитар Влахов“ Струмица и Здружението на граѓани „Струма“ викендот учествуваа на Жабарскиот карневал во Иваниќ Град, Хрватска, со маската „Ветерниците на Дон Кихот“.
Континенталниот Жабарски карневал во Иваниќ Град, се организира како една од многуте манифестации и настани по повод одбележување на денот на градот од 6 до 8 јуни. Како специјални гости на карневалот, карневалските групи од Струмица беа посебно поздравени од страна на организаторот.
Учесниците под маската „Ветерниците на Дон Кихот“ со своите интересни костуми успееја да ја импресионираат присутната публика, собрана на Плоштадот „Владимир Назор“.Освен учеството на карневалот, карневалските групи присуствуваа и на изложбата на вино, во организација на здужението „Бренета“ од овој град, на која освен многубројните сортни вина од Хрватска, беа промовирани и сортни вина од Винаријата „Далвина“ од Струмица.