AMD Strela

 

Јордан Митев со играорци од Австралија со концерти во Радовиш и Охрид

Јордан Митев со играорци од Австралија со концерти во Радовиш и Охрид
Објавено на: 22 Jun 2014

Фолк пејачот Јордан Митев заедно со ансамблот на ,,Никола Карев,, од Мелбурн - Австралија ќе одржи бесплатни концерти во Радовиш и Охрид  а се размислува летни концерти да одржи и во други градови. Иницијативата за ваква концертна турнеја во Македонија доаѓа по настапите на Митев во Австралија каде  беше придржуван од македонските играорци од Мелбурн, па спојот на македонската песна и оро сака да ги презентира и пред македонската публика.   Концертот во Радовиш е планиран на 8 јули  во спортската сала каде освен гостите од Мелбурн – Австралија ќе настапат и играорците од друштвото ,,Китка,, од радовишкото село Ораовица додека во Охрид е планиран на 10 јули на летната тераса на ,,Престол,, заедно со бендот ,,Маестрал,,. Засега не се знаат останатите градови каде Митев со ансаблот ,,Никола Карев,, од Мелбурн ќе имат бесплатни концерти

јордан

,, Идејата е да го презентираме македонскиот фолкор  и песна низ призмата на народните ора и танци негувани од македонците од Австралија . Доколку има интерес и од други градови секако дека ќе ги посетиме.,, кусо ни кажа Митев. Инаку Митев неодамна се врати од концертна турнеја од Австралија а како што најави подготвува нови песни за кои се планира и снимање на видео записи.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK