Во рамките на Гевгелиското културно лето 2014, од вечерва до 19 јули, за прв пат, во Гевгелија се одржува Меѓународниот фестивал на анимиран филм „Аниманима“. На овој фестивал гевгеличани ќе може да проследат анимирани остварувања од Меѓународниот фестивал „Аниманима„ кој се одржува во Чачак, Република Србија како и анимирани филмови од Загребската академија на ликовна уметност, отсек анимиран филм од Загреб, република Хрватска.
На 16 и 17 јули на репертоарот на фестивалот ќе бидат прикажани најдобрите анимирани филмови од досегашните 7 одржани фестивали во Чачак, додека на 18 и 19 јули, публиката ќе може да ги проследи анимираните филмови на студентите од Загребската академија на ликони уметности-отсек Анимиран филм, воглавно, нивни дипломски работи. Организатор на фестивалот е Библиотеката „Гоце Делчев“ заедно со општина Гевгелија, а финансиски е поддржан од Министерството за култура. Почеток напроекциите, кои ќе се одвиваат пред Народниот театар, е во 20,30 часот, а влезот е слободен.