AMD Strela

 

Маџиров ќе чита своја поезија во ,,кралската сала,, во Велика Британија

Маџиров ќе чита своја поезија во ,,кралската сала,, во Велика Британија
Објавено на: 17 Jul 2014

Никола Маџиров ќе чита во „Квин Елизабет Хол“ во Лондон, на отворањето на најзначајниот поетски фестивал во Велика Британија, „Поетри Интернешнал“. Деновиве за првпат ќе се чуе поезија на македонски јазик во „кралската сала“ во рамките на фестивалот основан 1967 година од венцоносецот на Струшките вечери на поезијата, Тед Хјуз. Маџиров е најавен од британските организатори како светски признат поет заедно со едни од најпреведуваните поети од САД, Роберт Хас и Каролин Форше, како и Ана Бландиана од Романија, и автори од Индија, Египет и Канада. Никола Маџиров на 19 јули ќе чита и на промоцијата на најновиот број од британското списание посветено за поезија во превод „Модерн поетри ин транслејшн“ основано од Тед Хјуз во 1965 година, а повод е објавувањето на четири негови песни во списанието, а на 20 јули ќе настапи на големото читање во „Ројал фестивал хол“ каде ќе се претстават најдобрите 50 песни за љубовта напишани во последните 50 години. Британскиот „Гардијан“ ја објави листата на која Маџиров беше сместен со автори како Нобеловецот Дерек Волкот, но и Маргарет Етвуд, Ив Бонфоа, Ружевич, Хикмет или Били Колинс.

м

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK