Во комплексот ,,Св. Ѓеорги,, во Ораовица се одржа најмасовната средба на пензионерите досега организирана во Македонија. Со преку 100 автобуси, многу мини автобуси и комбиња пензионерите од сите Здруженија од Македонија уште во утринските часови пристигнуваа во прекрасниот комплекс на манастирот ,,Св. Ѓеорги,, а се претпоставува дека присуствуваа преку 8,000 пензионери.
Покрај богатата целодневна програмска содржина, Претседателството и претставниците од сите Здруженија одржаа и координативен работен состанок, а исто така беа почестени и од присуството на Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов, Претседателот на Советот . Никола Миовски, Градоначалникот на општина Конче. Благој Јованов, Ктиторот на Манастирот Св. Ѓеорги Николајчо Николов и Претседателот на Здружението на пензионерите на Македонија Драги Аргировски