На 31 јули во четврток во Босилово ќе биде организирана четвртата по по ред иселеничка средба. Средбата ќе се одржи на летната сцена на повеќенаменското спортско игралиште во училиштето Гоце Делчев во Босилово каде ќе настапат голем број познати музички имиња од македонската естрада. Покровител на средбата е општина Босилово.