И покрај тоа што е мајка на три деца таа изгледа одлично. Фотографиите направени за време на неколкудневниот престој во Турција и краткиот одмор во Грција само потврдуваат дека атрактивната фолкерка и ова лето е во топ форма со линија на која може да и позавидат голем дел од нејзините колешки.
Инаку Елена ова лето ќе биде презафатена со настапите и нема да има можност за класичен одмор па затоа вели дека овие неколку дена за неа биле идеална можност да ги наполни батериите за претстојните гостувања, свадби и настапи на голем број приватни веселби. На заслужен одмор најверојатно ќе замине дури во септември, а друштво ќе и прави малата Калија бидејќи Софија и Марко со нејзиниот сопруг одморот ќе го искористат во август