Околу седумдесет актери од 15 претстави годинава влегуваат во трка за единствената награда за високо актерско остварување која го носи името на бардот на македонското глумиште ,,Ристо Шишков,,. Дваесетото, јубилејно издание на фестивалот на камерен театар посветен на актерот и актерската игра стартува вечерва со откривање на биста со ликот на патронот на фестивалот Ристо Шишков. За време на шесте фестивалски денови покрај претставите на македонските ќе бидат одиграни и претстави во продукција неколку странски театри.
,, Ќе имаме претстави од осум држави, тоа ќе бидат Словенија, Србија, Косово, Бугарија, Грција, Англија и Литванија и секако театрите од Македонија. Се надевам дека публиката ќе ужива во креацијата сите претстави на актерите кои ќе се борат за престижната награда.,, вели Ване Ристов – директор на ФКТ ,,Ристо Шишков
Годинава за наградата ке одлучува петчлено мегународно жири на чело со минатогодишниот лауреат Борис Чоревски. Наградата за најдобриот актер традиционално се состои во златен медаљон со ликот на Шишков и паричен износ од 1500 евра.
Во изминатите две децении на фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков,, во Струмица учествувале повеќе од 120 театри од 15 држави со преку 1500 актерски остварувања.