Сузана Гавазова и Јасмин Кузуровиќ во петок во Струмица ќе прават свадба. Целата церемонија според информациите ќе биде по протокол. На стартот од веселбата гостите ќе ги забавуваат ,,Агушеви,, по желба на Јасмин додека свадбата ќе започне со ,,Тешкото,, во изведба на членовите на КУД ,,Мирче Ацев,, од Скопје, додека првата песна по желба на кумовите ќе биде,, Дафино вино црвено,,.За останатиот дел од забавата ќе се погрижат групата ,, Болеро,, Ранко Рангелов а за забавниот дел Нина Јаневска.
Специјален гостин на младоженците ќе биде Шабан Шаулиќ кој исто така ќе ги забавува гостите кои ќе бидат околу 400 на број. Како што дознаваме на забавата ќе има гости и од музичката естрада од земјава . Колегите на Сузана Гавазова, Тања и Новица, Зуица и Наум, Татјана Стефановска со Митко, Адријана Ацевска, членовите од Дрим тим ќе бидатдел од гостит кои можно е и да запеат. Најверојатно и Сузана Гавазова на својата свадба ќе запее некои нејзини песни . Инаку Сузана и Јасмин се во брак седум месеци и ја имаат малата керкичка Емили