Утре (петок) со почеток во 20:00ч во дворот на СОУ„Јане Сандански“ за прв пат на Струмица Опен Фестивал ќе се одржи фестивал на електронска музика. Новитетот во годинешната програма ја допира темата на хаус музиката, со што на сите фанатици и симпатизери на овој музички правец им се нуди одлична можност да уживаат слушајќи и играјќи на овие звуци.
Задолжени за забавата ќе бидат „струмичаните“ Ted Dettman [Pata Pata Recordings/Abzolut/Bosphorus Undeground], DJ Cige, DJ Martin Dimov, DJ Miki Jaksic, DJ B aka De Lay и DJ Boyan Hadji [Ninefont, m.m.m.l.]. Во склоп на сето тоа како специјален гостин ќе се јави легендарниот Мирко Попов познат и како БП со PMG Kolektiv кој што ќе имаат live настап.