Со преставата ,,Животот на Молиер,, на МНТ, почна јубилејното 20 то издание на ФКТ ,,Ристо Шишков,, во Струмица на кој ќе учествуваат 15 престави од Македонија, Словенија, Србија, Косово, Бугарија, Грција, Англија и Литванија. Пред да отпочне официјалниот дел на фестивалот, пред НЦУК ,,Антон Панов,, беше откриена спомен биста на Ристо Шишков изработена од скулпторот Митко Тошев. Бистата ја откри градоначалникот на Струмица Зоран Заев.
Во фоаето беше отворена изложбана театарски костими на Марија Папучева која имаше и видео перформанс за театарските костими. 20 годишниот растеж на ФКТ ,,Ристо Шишков,, беше преставен и преку изложба на фотографии од Сречко Гунчев кој со фотоапарат ги фотографираше сите театарски престави кои учествувале во изминатите 20 години на фестивалот.
Вечерва освен преставата ,,Животот на Молиер,, на МНТ каде екипата предводена од Никола Ристановски маестрално го доловија ликот на Молиер, беше изведена и преставата ,,Љубовникот,, на ЕСРА.
Околу седумдесет актери од 15 претстави годинава влегуваат во трка за единствената награда за високо актерско остварување која го носи името на бардот на македонското глумиште ,,Ристо Шишков,,.