AMD Strela

 

Струмичанецот Александар Василев фудбалскиот леб го печали во Мјанмар

Струмичанецот Александар Василев фудбалскиот леб го печали во Мјанмар
Објавено на: 09 Aug 2014

Александар Василев (29) љубителите на фудбалот го паметат уште кога го носеше дресот на струмичка Беласица, кога настапуваше во Првата МФЛ. Потоа ги бранеше боите на Силекс од Кратово, Хоризонт Турново, Работнички и Напредок од Кичево. Потоа кариерата ја продолжил во Норвешка, во екипата на Алта. Таму настапувал две години и пo кусото враќање во родната Струмица, кариерата на изненадување на многумина ја продолжи во далечната азиска земја Мјанмар (поранешна Бурма).

1

-Ниту на сон не сонував дека дека дел од мојот фудбалски пат ќе поминам во Азија. Почнав да тренирам на 12 годишна возраст во Беласица и како што напредував заиграв и во странство. Но, некој да ми кажеше дека ќе играм фудбал во поранешна Бурма, земја која граничи со Кина, Тајланд и Индија и излегува на Индискиот Океан, немаше да поверувам. Но, поканата на менаџерот од оваа земја Мибказа не можев да ја одбијам, раскажува Алекснадар како се нашол во оваа далечна  земја.

3

Тој таму настапува за шампионот Јангон Јунајтед, кој три па ред е шампион. Александар игра на позицијата стопер

-До скоро време оваа држава беше затворена за останатиот дел на светот. Фудбалот тука се развива многу бргу и е спорт број еден. Лигата е формирана пред шест сезони. Се игра малку поразлично од Европа, повеќе отворено и не се посветува многу внимание на одбраната. Но, јас одлично се снајдов на мојата позиција и за многу напаѓачи сум непремостива пречка, а често пати се запишувам и во листата на стрелците, вели Александар.

2

Во земја која има 60 милиони жители вели дека бил многу добро прифатен и во клубот и надвор од него. Среќен е што преку најубавата споредна работа на светот запознал многу луѓе и култури, видел многу земји и стекнал многу пријатели.

-Луѓето тука се многу пријателски расположени и секогаш се подготвени да ти помогнат ако ти треба помош. Фудбалерите се многу популарни и сакани од навивачите. Тука главна религија е будизмот и во Јангон се наоѓа еден од најубавите храмови, Шведагон Пагода, кое е прекрасно место и привлекува голем број туристи. Малку ми недостасува Струмица, но за два месеци ми истекува договорот и ќе си дојдам дома, заврши Василев.

Додава дека кариерата најверојатно ќе ја продолжи на азискиот континент, бидејќи има повеќе понуди.

4

5

6

7

8

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK