Како што најавија организаторите на Струмица Опен Фестивал на сцената во текот на последните три фестивалски денови во улога на водител ќе се јави Лила Филиповска, откако минатата година на нејзино место беше спојот на К-15 и Еден на еден со Стојне Стојанова и Жарко Димитриоски.
Инаку, првата вечер ќе ја започнат младите струмички таленти кои се спој на непрофесионални музичари и гордост на целиот град. После нив ќе настапи специфичниот реге и хип хоп изведувач од Македонија, Драган Величковски - Тајзи. Од интернационалната сцена ќе гостува Момчило Бајаговиќ Бајага со неговите Инструктори. а за крај на првата музичка вечер задолжени за забават ќе бидат Кирил Џајковски заедно со MC Wasp и TK Wonder.
Покрај тоа, организаторите во целост очекуваат публиката да ги почитува правилата кои се предвидени и истакнати на видни места. Казните за фрлање предмети се од 100 до 400 евра, а за физички напад од 600 до 800 евра.