AMD Strela

 

Со концертот за паметење на Здравко Чолиќ заврши Струмица опен фестивал

Со  концертот за паметење на Здравко Чолиќ заврши Струмица опен фестивал
Објавено на: 18 Aug 2014

Концерт за паметење, преполн плоштад и воодушевена публика, вака заврши единаесетдневниот „Струмица опен фестивал“. Безвременскиот Здравко Чолиќ ја оправда доверената чест од организаторот да го затвори фестивалот. Цели три часа траеше неговиот настап на големата музичка сцена на градскиот плоштад. Во неговите песни уживаа сите генерации, ги пееа заедно со него и му се воодушевуваа на енергичниот настап, на шармот, на прекрасниот глас.

ф11ф1ф

Покажа и докажа дека е вистинска балканска ѕвезда, таква беше и ноќта, ѕвездена, каква што и доликува на Струмица, ѕвездениот град. 
Незаборавен настап и ноќ која долго ќе се прераскажува“, вакви беа коментарите на посетителите, а ги имаше од цела Македонија кои во Струмица пристигнаа уште во попладневните часови за да си обезбедат место на плоштадот.

Атмосферата пред настапот на Здравко Чолиќ ја загреваа групите „Дивизија“, „Дивајн“, Коста Хаџикојчев и Александра Јанева.

Последната музичка вечер уште еднаш потврди дека единаесетдневниот „Струмица опен фестивал“ е манифестација која понуди незаборавни културно – забавни доживувања во организација на здружението „Културен забавен живот“, а со поддршка на градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица.

герге

5215

15515

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK