Во рамките на свеченостите по повод денот на патронот и заштитник на градот Радовиш, Св. Спасо Радовишки, македонската мега ѕвезда Калиопи ќе одржи концерт во Радовиш, на 22 август, на плоштадот кој го носи името на патронот. Концертот е закажан во 21 часот кога на плоштадот во Радовиш, Калиопи треба да одржи според најавите двочасовен концерт. За Калиопи, ова е промоција на актуелниот албум "Мевлем" пред радовишката публика, но и можност да се слушнат нејзините постари и понови хитови, за што се најавува спектакуларен концерт но и одлична забава. Организатори на концертот се центарот за култура "Ацо Караманов" и здружението "Свети Спасо Радовишки".