Првиот фестивал на македонската новосоздадена народна песна фолк фест Валандово за прв пат во неговата историја ќе се одржи наесен. Јубилејното 30 - то по ред издание на фестивалот ќе се одржи на 16, 17 и 18 октомври во комплетно реконструирана сала. Реконструкцијата на салата ќе чини 25 милиони денари, а реализацијата на проектот треба да финишира до крајот на септември. За градоначалникот на општина Валандово Николче Чурлиновски овој проект е многу значаен не само за фестивалот туку и за сите останати културни настани во општината и регионот.
,, Дадовме нова слика на летната фестивалска сцена и тоа сметам дека ќе биде единствена сала од таков тип , најубавата сала во Република Македонија од овој тип на која покрај фолк фест Валандово ќе се одвиваат и многу други манифестации по кои Валандово е препознатливо.,, вели Николче Чурлиновски – градоначалник на општина Валандово
Годинава фестивалот повторно ќе има две полуфинални вечери на кои ќе бидат изведени 30 нови композиции, од кои 20 ќе се пласираат во финале со што директно влегуваат во трката за една од фестивалските награди.
,, Како што дадовме финансиска поддршка и за Макфест, така од буџетот се издвоени средства и за Фолк фест Валандово. Наградите остануваат исти како за сите фестивали. За најдобрите учесници на гонешното издание на фолк фест Валандово првата награда ќе изнесува 20 000 евра, втората награда 10 и третата награда во висина од 5000 евра. Ќе има награда за најдобар ценски настап и нграда за најдобар дебитант, како и признание за најзаслужните во промоцијата и афирмацијата нафестивалот.,, вели Елизабета Канчевска Милевска – министе за култура
Покрај новата сала од оваа година фестивалот ќе има и нов концепт кој мегу другото за прв пат во историјата на фестивалот предвидува изведба на композициите во живо во придружба на голем орекстар.