Во Радовиш на плоштадот Св. Спасо Радовишки, илјадници посетители уживаа и пееа серенади и староградски песни. Во рамките на одбележувањето на патронот и заштитник на овој град , се одржа фестивалот ,, Саноќ седам,, на кој настапуваа групи и ансабли од Гевгелија, Валандово, Виница, Ново Село но и и домаќините “Распеани Радовишани. Овој традиционален фестивал на староградски песни е под Покровителство на општина Радовиш и Градоначалникот Сашко Николов, со подршка на Министерството за Култура на Република Македонија.