Новите дела создадени во рамките на последното, 49 издание на меѓународната струмичка ликовна колонија и официјално беа претставени пред струмичката ликовна јавност. На изложбата која традиционално секоја година се отвара на 11 септември, денот на ослободувањето на градот Струмица , љубителите на ликовната уметност имаа можност да видат околу 60 тина нови дела создадени во повеќе различни техникикако резултат на 15 дневната работа на 18 те ликовни уметници кои во периодот од 5 до 20 август престојуваа и твореа во Струмица.
Годинава на колонијата во Струмица учествуваа автори од Русија, Турција, Полска, Албанија, Србија, Хрватска и Македонија кои со нивните дела го збогатија фондот на галеријата во Струмица кој веќе ја надминува бројката од над 2200 дела од национален интерес.
Струмичката ликовна колонија важи за една од најреномираните колонии како во домашни, така и во меѓународни рамки, а потврда за тоа дава и податокот дека од почетокот па до денес на истата учествувале околу 1000 ликовни уметници, мозаичари и скулптори од скоро сите краеви на светот.