Балканската музичка ѕвезда Калипои синоќа одржа спектакуларен концерт на плоштадот Св. Спасо Радовишки во рамките на одбележувањето на патронот и заштиник на градот. На преполниот плоштад таа успеа да ги понесе радовишани низ прекрасните стихови и мелодии од целата нејзина музичка кариера. Илјадници посетители во глас ги пееа нејзините хитови од многуте албуми кои ги има издадено Калиопи
Обои ме, Ако денот ми е ноќ, Црно и бело беа песните кои Калиопи успеа да ги разбуди емоциите кај присутните кои во глас ја пееа антологиската ,,Бато,, Калиопи покрај своите добро познати хитови ќе ги изведе и темите од своот поседен албум „Мелем“.
Овој концерт беше во организација на ЦК Ацо Караманов и Здружението Св. Спасо Радовишки, во склоп на празнувањето и чествувањето на заштитникот на градот Радовиш – Св. Спасо Радовишки, а целата манифестација е под покровителство на општина Радовиш и Градоначалникот Сашко Николов.