Новиот лауреат на фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков,, ќе биде познат утре. Согласно фестивалската програма вечерва ќе бидат одиграни последните четири претстави на дваесетото, јубилејно издание на фестивалот по што петчленото меѓународно жири предводено од минатогодишниот лауреат Борис Чоревски ќе треба да заседава и да ја донесе одлуката за добитникот за единствената фестивалска награда за видоко актерско остварување. Наградата традиционално се состои во медаљон со ликот на Ристо Шишков и паричен износ од 1500 евра, а ќе биде доделена на свеченото затварање на фестивалот кога во чест на наградениот актер ке биде изведена претставата ,,Животот е сон,, во режија на Владо Цветановски а продукција на МНТ во која настапува и синот на патронот на фестивалот Васил Шишков.
Годинава на фестивалот учествуваат 15 претстави од театарски куќи од осум европски држави.