AMD Strela

 

Никола Ристановски лауреат на ФКТ ,,Ристо Шишков,, 2012

Никола Ристановски лауреат на ФКТ ,,Ристо Шишков,, 2012
Објавено на: 13 Sep 2012

Наградата Ристо Шишков за најдобро актерско остварување му припадна на Никола Ристановски за улогата Молиер во преставата ,,Животот на Молиер,, од Михаил Булгаков на МНТ. Ова е одлуката на петчленото мегународно фестивалско жири, според кое во потесна конкуренција за ова фестивалска награда биле и актерите од преставата ,,Ѓаволијада,, од Шабац - Србија, актерите од бугарската ,,Танго ,, од Враца , Неле Савиченко од Литванија , Бајруш Мјаку, Петар Горко, Габриела Петрушевска и Мартин Мирчевски . Но сепак жирито едногласно одлучило наградата ,,Ристо Шишков,,  да ја додели на Никола Ристановски кој ги покажал сите актерски квалитети во ролјата на Молиер

nikola reistanovski

,,Во наведената ролја, Ристановски со мајсторска минуциозност ги владееше сценските ситуации и се наметна како перфектно зрел актер обоен со сите квалитативни одлики. Неговата маестрална телесна пластичност и говорната артикулација беа пример за високопрофесионално водење на драмскиот лик со сите свои изразни аспекти. Креацијата на Никола Ристановкси безрезервно се истакна во текот на целиот фестивалски репертоар,, рече Борис Чоревски претседател на жирито. Ристановски вечерва ќе доби парична награда од 1500 евра и златен медалјон со ликот на Шишков.

zivotot na molier

Театарската критика, наградата за најдобар престава во целина ја доделија на ,,Хенри шестти,, на Битолскиот театар а за сценски израз проектот ,,Ѓаволијада,, од Шабац Србија. Наградите ,,Нета,, беа доделени на литванската претстава ,,Свила,,. бугарскиот проект ,,Танго,, , актерот Бајруш Мјаку, и преставата ,,Жени без мажи и ништо повеке,, на мал драмски од Битола.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK