AMD Strela

 

Никола Маџиров доби француска стипендија

Никола Маџиров доби француска стипендија
Објавено на: 14 Sep 2012

Никола Маџиров ја доби значајната европска книжевна стипендија „Маргерит Јурсенар“ за 2013 година, под покровителство на Генералниот Совет на Северниот дел на Франција. Стипендијата се доделува исклучиво на европски автори - романсиери, поети, раскажувачи, драматурзи - кои имаат издадено дело во некоја европска издавачка куќа и објави на француски јазик. Во конкуренција на повеќе од стотина кандидати, независното жири составено од познати европски книжевници го избра Никола Маџиров како единствен балкански и прв македонски автор меѓу петнаесетте европски книжевници-лауреати за 2013 година. Стипендијата вклучува и едномесечен книжевен престој во Вилата „Маргерит Јурсенар“ во 2013 година, лоцирана на имотот на семејството Јурсенар во северниот дел на Франција, каде што творела и светски признатата француска авторка Маргерит Јурсенар (1903-1987). Маџиров ќе патува на имотот на Јурсенар од 8-ми до 10-ти ноември 2012 година, каде што пред европската јавност ќе бидат претставени преку читања и разговори сите петнаесет селектирани автори. 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK