Со доделувањето на наградите, синоќа заврши дваесетото јубилејно издание на меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Единствената награда за високо актерско достигнување ја доби актерот Никола Ристановски, за улогата во претставата „Животот на Молиер“ во продукција на МНТ. Наградата, златен медаљон со ликот на Шишков и паричниот износ од 1.500 евра му ја врачи градононачалникот на општина Струмица, Зоран Заев.
,,Би било клише да кажам дека сум возбуден и дека немам трема, нормално е дека имам трема. Само на кратко би рекол, му благодарам на Ристо Шишков кој не беше мој современик, му благодарам на жирито за убавите зборови“, рече по примањето на наградата, годинашниот лауреат Никола Ристановски. Во трката за највисоката награда, годинава учествуваа околу 70 актери кои играа во 15 претстави во продукција на домашни и странски театри. Претставата „Хенри шестти“ на театарот од Битола ја доби наградата за најдобра претстава во целина, а наградата за сценски израз ја доби претставата „Ѓаволијада“ на театарот од Шабац, Србија. Специјалната жири комисија на меѓународната мрежа на театри НЕТА ги награди претставите „Свила“ на театарот од Литванија, бугарскиот проект „Танго“, претставата „Жени без мажи и ништо повеќе“ на Мал драмски театар од Битола и актерот Бајруш Мјаку. На поединци и институции им беа врачени признанија за придонесот што го дале во двесетгодишното постоење на фестивалот