Фолк пејачката Благица Калева заедно со својата музичка група ,,Модус,, при крајот на идниот месец ќе заминат на турнеја во Холандија. Како што не информираа од групата, концертите ќе бидат мегу нашите во Ултрехт на покана на тамошните македонски друштва. Ова е прво гостување на Калева и ,,Модус,, во Холандија откако оваа година беа на едномесечна турнеја во Австралија.
,,Се е договорено заминуваме при крајот на идниот месец и ќе се дружиме со нашите иселеници таму. Ова е прво наше гостување во Холандија,, ни кажа Калева која во Холандија ќе се престави со својот репертоар но ќе ги пее и македонsките изворни песни, заради што очекува прекрасни забави со македонците во Холандија. Освен во Холандија, групата ,,Модус,, со Благица Калева можно е до крајот на годинава да имаt концерти и во Италија во градот Пјаченца.