AMD Strela

 

КУД ,,Гоце Делчев,, од Босилово со концерти во Бугарија

КУД ,,Гоце Делчев,, од Босилово со концерти во Бугарија
Објавено на: 17 Sep 2012

Членовите на КУД ,,Гоце Делчев,, од Босилово преку десетдневна турнеја го презентираа македонскиот фолклор во соседна Бугарија. Најголемиот дел од настапите беа во градот Обзор на Црното море или популарно наречениот град на сонцето. Турнејата беше дел од европскиот проект,, Младите во акција,, во кој  учествуваа 18 деца од Македонија и исто толку од Бугарија .

kud goce delcev

Во рамките на десетдневните активности беа реализирани серија предавања за едукација на младите  и нивната интеграција во европското семејство и заенички концерти на КУД ,, Гоце Делчев,, од Босилово и ансамблот за народни песни и ора при домот на културата во Обзор. Македонските претставници кои учествуваа и во дефилето низ улиците на градот во кое на најдобар начин го покажаа богатството на македонскиот фолклор и традиционалните носии на заедничкиот концерт настапија со неколку кореографии кои од страна на публиката биле прифатени со воодушевување и неколкуминутни аплаузи.

kud

kud

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK