AMD Strela

 

Елена Велеска се подготвува за невеста !

Елена Велеска се подготвува за невеста !
Објавено на: 18 Sep 2012

Атрактивната прилепчанка со постојана адреса на живеење во Охрид, Елена Велевска деновиве влегува во студио за да ја сними новата песна со наслов,,Невеста,,. Станува збор за наменска свадбарска песна која ќе биде само најава на новиот материјал што веќе е во подготовка.Велевска досега има снимено повеќе песни кои се со свадбарска содржина, но ниту една од нив не е посветена на невестата, па токму затоа се решила својот репертоар да го збогати и со песна посветена на сите сегашни и идни невести. Идејата постоела одамна, а конечната одлука паднала летово кога на повеќе свадби на кои настапувала неколкупати и се случило дел од нејзината публика да ја праша кога и таа ке сними таква песна.

veleska nevesta

Паралено со снимањето на песната се прават и подготовките за спотот кој ќе се снима со нејзината ,,ЕВ,, продукција и кој според најавите на Елена ке биде високобуџетен и еден од најскапите што ги снимала досега. Вели имам одличен и креативен тим кој осмисли нешто многу поразлично од тоа што е видено досега. Многу детали засега несакаше да открива, но како што најави спотот ќе се снима низ повеќе градови во Македонија и во истиот на некој начин ќе биде прикажана нејзината свадба на која како гости публиката ќе може да ги види дел од нејзините колеги од забавната и народната сцена, познати актери, новинари, а не е исклучена можноста да се сретне и некој политичар. Она што сеуште не е познато е кому ќе му припадне улогата на зетот. Вели кандидати има доста но конечната одлука сеуште не е донесена бидејки критериумите кои требало да ги исполни биле доста високи.

elena veleska

Веднаш по снимањето на спотот таа заминува на турнеа во Италија, а потоа ќе следува и Швајцарија. По враќањето повторно влегува во студио за снимање на уште неколку нови песни , а највува и голема промоција на спотот која најверојатно ќе биде во еден од градовите во кои ќе се снима истиот.

veleska

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK