AMD Strela

 

Гевгелискиот хор ,,Гортинија,, победник на натпревар во Србија

Гевгелискиот хор ,,Гортинија,, победник на натпревар во Србија
Објавено на: 18 Sep 2012

Градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов ги прими членовите на Градскиот мешан хорр „Гортинија“, кој е добитник на наградата „Мокрањац“ на  традиционалниот натпревар на хорови во Неготин, Србија. На овој традиционален меѓународен хорски натпревар настапија пет хорови од Словенија, Хрватска, Македонија и Србија, на кои обавезна композиција им беше  "Приморски напеви" од Стеван Мокрањац.

 hor gevgelija

 Жирито  на  47 Неготински музички фестивал - составено  од  д-р Бранко Радовиќ музиколог, Милоје Николиќ, диригент и  Владимир Милиќ, диригент,  одлучи победник на натпреварот да биде  хорот "Гортинија " од Гевгелија, Македонија, на кој им беше доделена статуетка„Мокрањац“ и можност  следната година на Деновите на  Мокрањац да имаат целовечерен концерт. Со изведба на дела од Орландо ди Ласо, Кшиштов Педерецки, Тодор Скаловски и задолжителната композиција "Приморски напеви"  од Мокрањац, членовите на гевгелискиот хор "Гортинија " собраа бурни  аплаузи од неготинската  публика  и 89 поени од  жирито. 

Според диригентот Илија  Атанасова, музиката на Мокрањац  е многу блиска на хорот Гортинија и ги потсетува на едни заеднички  времиња. Словенечкиот хор "Постојна " од Постојна  ја освои втората, хорот "Мир" од Белишќе во Хрватска освои трето место, четврт беше хорот "Троица" од Белград, а  петти беа хористите од  Нишкиот камерен  хор.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK